Економистот Рубини за италијански премиер Лета
Зелено, белиот и црвен Енрико Лета- според боите на италијанското знаме е вистинскиот човек за премиерската функција, изјави познатиот американски економист Нуриел Рубини за италијанските медиуми.
Според Рубини, најважно е дека Италија конечно да избере премиер, а со создавањето на политичка, а не експертска или технократска Влада, земјата не само што ке ја надмине политичката блокада по парламентарните избори, туку ќе може да започне и со потребните реформи кои ги бара еврозоната.
Лета е актуелен заменик лидер на Демократската партија, кој тесно победи на изборите од крајот на февруари, но недоволно за да формира влада.
Неговата партија одбиваше да прави коалиција, а посебно не со блокот партии од десниот центар, што го предводи Силвио Берлускони, но Лета го прифати предлогот на претседателот Џорџо Наполитано да формира коалициска Влада на национално единство. Во неа ќе се најде и партијата на Берлускони кој уште веднаш по изборите предлагаше создавање голема коалиција.
Лета е правник по професија, стручњак за меѓународно право, кој добро зборува англиски и француски јазик, што претставува реткост меѓу италијанските политичари.Иако релативно млад, има солидна политичка кариера, како министер и пратеник во европскиот Парламент. За него велат дека идеолошки е неоптоварен, па лесно би можел да комуницира и со левицата и со десницата на италијанската политичка сцена.
