Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економистите ги разнишаа прогнозите за раст во еврозоната

Економистите ги разнишаа прогнозите за раст во еврозоната
Економисти ги разнишаа очекувања за економскиот раст на еврозоната, пренесе Ројтерс. Резултатите од анкетата на новинската агенција меѓу 60 економисти покажуваат дека очекувањата за оваа година се дека  бруто домашниот производ (БДП) на регионот ќе се намали за 0,4%, наместо за  0,1%, како што беа првичните предвидувањата од пред 3 месеци. Експертите посочуваат исто така, дека невработеноста во еврозоната, која е на рекордно високо ниво, ќе продолжи да расте и најверојатно ќе го достигне максималното ниво кон крајот на оваа и почетокот на следната година. Според прогнозата невработеноста ќе достигне 12,4% кон крајот на годината. Повеќето од аналитичарите сметаат дека еврозоната ќе успее да излезе од рецесијата оваа година, но нивните очекувања се дека растот ќе биде едвај остане над нулата барем во наредните 12 месеци. Според економистите, Германија ќе биде главен двигател на растот. За целата година се очекува БДП на Германија да се зголеми за 0,6% поради претпазливите корисници и забавувањето на извозот. Забрзување на растот се очекува следната година до 1,7%. Попесимистички се очекувањата на Франција и Италија, со предвидувања за продлабочување на рецесијата и континуиран раст на јавниот долг. Повеќето од учесниците во анкетата изјавиле дека исто така очекуваат Европската централна банка (ЕЦБ) да објави дополнителни стимулации за економијата. Најпопуларните предлози за понатамошни активности на ЕЦБ се за програмата која ќе го стимулира кредитирањето на малите и средни претпријатија, како и нов круг од евтини тригодишни заеми за банките.
Слично

Поврзани вести