Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економист: Британците ги сакаат имигрантите

Економист: Британците ги сакаат имигрантите
Британците всушност ги сакаат имигрантите - ова го тврди во свој материјал авторитетното списание Economist . Изданието тврди дека Британците ја мразат имиграцијата во принцип , но не и имигрантите. За Бугарите и Романците ова е добра вест , пишува Economist во статија под наслов " Полскиот парадокс" . Во неа се раскажува за начинот на кој Полјаците , пристигнале во Велика Британија по 2004 година, како се променил животот во многу британски градови , со акцент на нивно активно вклучување во пазарот на трудот и се побиваат сфаќањата дека големата имиграција од земји од Источна Европа довела до тензии во општествениот систем на Велика Британија. Се забележува дека во општините каде што имало прилив на имигранти од Источна Европа , немало зголемување на насилството , дека таму се намалиле комуналните кражби . Колку и да е необично , трендот е дека имигрантите од Источна Европа многу помалку ги користат услугите на Националната здравствена служба , отколку Британците , пишува Economist .
Слично

Поврзани вести