Економијата-прва жртва на немирите во Белфаст!
По неодамнешните немири во главниот град на Северна Ирска Белфаст, најголем цех плаќа економијата на тој град. Компаниите се плашат дека моменталната нестабилност може да го спречи туристичкиот процут и да ги избрка странските инвеститори од градот кој со сите сили се труди да ја прекине лошата слика на насилства која го следи, анализира Ал Џезеира.
Изминатите недели во Белфаст се случија повеќе судири поради одлуката на градските власти да го ограничат бројот на деновите за веење на британското знаме над градското собрание. Здружението на британската индустрија проценува дека последните немири економијата на Белфаст ќе ја чинат околу 24 милиони долари. Во периодот од 2007 д0 2011 година бројот на туристите се зголеми четири пати. Отворени се 12.000 нови работни места, благодарение на странски инвестиции, а стапката на невработеност е под просекот на Европската унија. Проценките се дека 2013 година може да биде рекордна во многу сектори. Поради тоа, министерката за трговија и инвестиции лично се вклучи во решавање на проблемите на приватниците кои работат во области кои се погодени од немирите, пренесува Ал Џезеира.. „Сликите од немирите кои го обиколија светот не кочат во глобалната трка за странски инвестиции. Загрозени се работните места и егзистенцијата на многу граѓани. Затоа е клучно протестите и насилствата да се запрат веднаш!“истакна Тереза Вилиерс, секретарка на Северна Ирска.
Слично
