Економијата на Велика Британија расте двојно побрзо од очекуваното
Владата на Велика Британија ја објави најголемата корекција на официјалните предвидувања за растот од повеќе од една деценија , по изненадувачки силниот раст на економијата на земјата.
Министерот за финансии Џорџ Озборн изјави при ажурирањето на буџетот , дека економијата е на пат да порасне за 1,4 % оваа година , повеќе од два пати повеќе во однос на прогнозите за раст од 0,6 % , заложени при усвојувањето на буџетот во март .
Растот во 2014 година , се очекува да биде 2,4 % , во споредба со претходната прогноза од 1,8 отсто . По слабиот раст во последните неколку години , Велика Британија ги претекна своите соседи од еврозоната , за да се претвори во една од најпознатите брзо растечки најразвиени економии во светот . Сепак , растот на БДП останува помал отколку што беше пред финансиската криза.
Слично
