Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економијата на САД расте, но платите мируваат

Економијата на САД расте, но платите мируваат
Растот на економијата на САД, во последниот квартал од минатата година, изнесуваше 3,2 отсто на годишно ниво, на бранот на најголемата стапка на потрошувачка во последните три години. Тоа се смета за охрабрувачки знак за 2014 година. За 2013. во целина, стапката на раст на американската економија изнесуваше скромни 1,9 отсто, што беше послабо од стапката од 2,8 отсто во 2012 година, соопшти денеска министерството за трговија на САД. На помалиот раст минатата година влијание имаа поголемите даноци во резовите во сојузната потрошувачка. Со оглед на намалувањето на тие забавувачки фактори, многу економисти веруваат дека растот на американската економија оваа гоидна, би можел да достигне три отсто, што би била најголема стапка од крајот на рецесијата, од средината на 2009 година. На релативно високата стапка на раст во последните три месеци минатата година, влијаеше и растот од 3,3 отсто во потрошувачката, што е значително повеќе од растото од два отсто во претходното тримесечие. Тоа беше највисоката стапка на потрошувачка во САД уште од четвртиот квартал од 2010 година. Во САД, потрошувачката е особено значајна, бидејќи за неа е врзана 70 отсто од економијата.   А.А.  
Слично

Поврзани вести