Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економијата на САД може да се намали за 5%, ако Трамп стане претседател

Економијата на САД може да се намали за 5%, ако Трамп стане претседател

Ако републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп победи на изборите, тоа може да има мрачни последици за најголемата економија во светот, посочуваат експертите од Ofxord Economics.

Ако Трамп успее да ги спроведе сите планирани политики, тоа ќе го поткопа глобалниот економски раст и ќе го смали бруто домашниот производ на САД со 5%. 

„Последиците ќе се исклучително големи"- велат економистите.

Прогнозираат дека растот ќе остане слаб за многу подолго време.

Ова делумно ќе се должи на влијанието на трговските и имиграциони политики на Трамп врз потенцијалното нудење на економски ресурси, на пример труд и суровини.

Трговските политики ќе влијаат негативно на американските компании и вработени, се наведува во извештајот, повикувајќи се на проценки од 2011 година на Федералните резерви во Сан Франциско.

Процесите за испорака ќе бидат погодени, бидејќи тие се почесто ги преминуваат националните граници, особено во автомобилската индустрија, се вели во извештајот. 



Слично

Поврзани вести