Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економијата на еврозоната зајакнува

Економијата на еврозоната зајакнува
Надежите дека економијата на еврозоната зајакнува се зголемија, благодарение на зголемениот раст од очекуваниот, на клучниот показател на стопанскиот развој. Композитниот индекс ПМИ, кој го пресметува истражувачката агенција Маркит, во јуни изнесувал 50,5 поени, прв пат во последните 18 месеци. Надминувајќи ја границата од 50 поени која го дели растот од падот на секторската активност. Анкетата во која учествуваа илјадници менаџери за набавка, кои се одговорни за купување на материјали и производи потребни за работа, се смета за водечки индикатор на економската активност.
Слично

Поврзани вести