Економија, финансии, бизнис

Контакт

Економијата на еврозоната постепено се обновува

Економијата на еврозоната постепено се обновува

Економијата на еврозоната се насочува кон обновување подоцна во текот на оваа година, благодарение на флексибилната монетарна политика на Европската централна банка и на побарувачката од странство, изјави претседателот на ЕЦБ Марио Драги на меѓународна конференција во Шангај.

- Економската ситуација во еврозоната и натаму е критична, но има неколку сигнали за можна стабилизација. Главното сценарио и натаму предвидува постепено обновување, кое ќе почне кон крајот на тековната година, рече Драги.

- Заканата од програмата на ЕЦБ за купување на државните обврзници одигра клучна улога за смирување на финансиските пазари, од што фактички корист имаат сите учесници на пазарот, нагласи тој и предупреди дека сепак и покрај тоа ранливоста е се уште присутна.

Драги ги повика владите да се придржуваат кон плановите за реформи.

Слично

Поврзани вести