ЕКОЛОШКА СВЕСТ: Тајланд нареди да се затвори познатата плажа по филмот на Ди Каприо
Властите на Тајланд денеска наредија привремено затворање на плажата Маја беј, позната по филмот на Леонардо ди Каприо “Плажа“, за да спречат еколошко загадување кое е предизвикано од доаѓањето на многу туристи.
Маја беј, на островот Фи Фи во Андманското море, ќе биде затворена за сите посетители четири месеци почнувајќи од јуни годинава, за да се опорави коралниот гребен и морскиот живот, пренесе АП:
Одлуката за затворање на плажата ја донесоа Тајландските национални паркови и Секторот за природа.
Голем број тајландски национални паркови се затворени од средината на мај до средината на октомври, но поради барањето на турситите, Маја беј беше отворена цела година.
Слично
