Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еколошка катастрофа во Северен Кипар, стотици тони нафта во морето !

Еколошка катастрофа во Северен Кипар, стотици тони нафта во морето !

Вистинска еколошка катастрофа се случи во Кипар откако сто тона нафта се излеаја во морето крај северниот брегот. Од танкерот на приватната компанија АКСА, се дупнала цевката по која нафтата ја префрлала до електроцентрала на компанијата АКСА.

Како што изјави претставник на севернокипарските власти, ова најголемата еколошка катастрофа крај островот и дека без разлика какви сили ќе се мобилизираат, 20 отсто од нафтата никогаш нема да се собере од морето.

Како што информираа локалните власти, нафтената дамка се раширила на површина од пет километри во морето, додека од турското пристаниште Мерсин кон местото на инцидентот се упатил брод за пречистување на нафтените дамки. Помош најавија и ОН.

Според министерот за туризам на Северен Кипар, државата нема доволно средства за да се справи со криза од вакви размери.

Тој најави дека виновните за инцидентот мора да бидат казнети.

Слично

Поврзани вести