Економија, финансии, бизнис

Контакт

Eко-активисти против Порше, Ауди, БМВ

Eко-активисти против Порше, Ауди, БМВ

Поради виската емисија на штетни гасови германски активисти за заштита на животната средина се свртеа против познатите домашни производители на возила, како што се Порше, Ауди и БМВ, но и на даночниот систем кој според нив промовира „потошувачи на бензин“.

Германија има најапсурдна политика на даночни поттикнувања кои стимулираат возила загадувачи, изјави Патрик Хит од групата за притисок за зачувување на животната средина „Дојче Умвелтлиф“.

Две третини од продадените автомобили во Германија се регистрирани на компании. Компаниите може за даночни намени во целост да ги прилагодат цените на возилата и горивата без никакво ограничување во однос на емисијата на штетни гасови, што постои и во други земји како Ирска и Франција.

Колку моделот е поскап, толку се поголеми даночните олеснувања за компанијата, така што во земја во која автомобилот често се гледа како статусен симбол, компаниите на вработените им нудат луксузни возила со цел да привлечат талентирани кадри.

- Компаниите купуваат моќни возила со голема потрошувачка на гориво, бидејќи поважен им е имиџот од борбата против климатските промени, објаснува Сигрид Тоц од невладината организација „Гринпис“.

Аргументите на активистите во голем дел ги потврдуваат и статистичките податоци, бидејќи Германија се наоѓа на дното на ранг листата, во однос на емисијата на штетни гасови од нови продадени автомобили.

Слично

Поврзани вести