Европската комисија сака нуклеарки, Владите се противат
Европската унија планира да им овозможи на земјите членки да субвенционираат енергетски корпорации и користење на нуклеарни електрани.
Предлогот предвидува исти услови какви што сега постојат за поддршка на производството на енергија од обновливи извори, објави германскиот весник „Зидојче цајтунг“, повикувајќи се на предлог-уредбата на Европската комисија.
Европскиот комесар за економска конкуренција, Хоакин Алмуниа, планира предлог-уредбата да ја поднесе по летните одмори, а истата би требало да биде усвоена на почетокот од идната година. Против неговиот план, како што пишува германскиот весник, веќе се поставила германската влада, која сепак не може да го искористи правото на вето. Остро ќе протестира и Австрија која веќе традиционално е против нуклеарната енергетика.
Предлогот, од друга страна, го поддржуваат Чешка, Франција, Британија и Литванија кои се подготвуваат да градат уште нуклеарни капацитети. Истото го планираат и Финска, Cловачка, Полска и Летонија.
Слично
