Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК со последно предупредување до ИТ гигантите: Што се бара од Фејсбук, Твитер, Гугл?

ЕК со последно предупредување до ИТ гигантите: Што се бара од Фејсбук, Твитер, Гугл?

ЕУ им упати последни предупредувања на Фејсбук, Твитер и други социјални мрежи, повикувајќи ги да ги исчистат своите платформи од говор на омраза.

Како што се наведува во спротивно ќе се соочат со правни последици.

„Ситуацијата не е одржлива: во повеќе од 28 отсто од случајите, потребни се повеќе од недела дена онлајн платформите да ја тргнат илегалната содржина“,изјави европската комесарка за дгитално општество и економија Марија Габриел, пренес СиЕнЕн.

„ЕК ќе ја разгледа примената на новите закони како би се изборила со проблемот на недоволно брзи реакции на онлајн платформите“, изјавила таа. додавајќи дека компаниите би требало да вложуваат повеќе во детектирање на говор на омраза.

Европските регулатори веќе со години ги притискаат социјалните мрежи да ги отстранат расистичките и насилни постови од нивните платформи, а Фејсбук, Твитер, Мајкрософт и Гугл ветија во повеќе наврати дека ќе придонесат во оваа проблематика.

Ек меѓутоа, мисли дека не права уште доволно, поради што би можела да усвои закон кој ќе му овозможи на Брисел да ги казни компаниите кои не ги исполнуваат барањата.

Слично

Поврзани вести