Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК со план за пазарот на автомобили во ЕУ

ЕК со план за пазарот на автомобили во ЕУ
Автомобилил 2020е стратегијата која ја одобри Европската комисија за развој на автомобилскиот пазар. Цел на новиот план е да се даде поддршка за автомобилската индустрија која е погодена од криза. Потпретседателот на ЕК задолжен за прашања на индустрија и претприемништво, Антонио Тајани оцени дека тој план е прв чекор во ЕУ за поттик на конкурентноста на тој сектор во кој се вработени 12 милиони луѓе во 27-члениот блок. Тајани укажа дека планот се потпира на „четири столбови“- зголемување на инвестиции (за 10 милијарди евра), јакнење на конкурентноста, ширење на пазарите на т.н. трет свет и дополнително образување на вработени. Тајани планира во декември да има состанок со шефовите на автомобилските компании, претставниците на синдикатите и министрите за индустрија. Генералниот секретар на Европското здружение на производители на автомобили Иван Ходак изјави дека планот е „потребен, но недоволен“.
Слично

Поврзани вести