Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК следната недела ќе ги претстави дигиталните зелени сертификати

ЕК следната недела ќе ги претстави дигиталните зелени сертификати

Европската комисија ќе ги претстави „дигиталните зелени сертификати“ следната недела, со што ќе се овозможи намалување или укинување на некои од постојните ограничувања за патувања во рамките на Европската унија, најави европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон.

По видео состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ, таа објасни дека дигиталните сертификати ќе прикажат три вида на информации што треба да овозможат послободен проток на луѓе внатре во Шенген.

„Со овие сертификати ќе можете да покажете дека имате негативен тест за PCR, или дека имате антитела или дека сте биле вакцинирани со вакцина препорачана од Европската агенција за лекови [ЕМА]“, вели Јохансон.

Европскиот комесар нагласува дека ваквите сертификати ќе бидат „добар и ефикасен начин“ да се покаже преку мобилен телефон дека не сте преносител или дека имате мал ризик за пренесување на инфекцијата за време на патувањето.

Штом ЕК го претстави својот предлог за дигитални сертификати, тој ќе треба да биде одобрен и од Советот на ЕУ и од Европскиот парламент за да стапи на сила во ЕУ.

Во Брисел нагласуваат дека ќе ја координираат интероперабилноста на овие сертификати меѓу ЕУ-27 и дека нивната примена може да започне пред летните одмори.


Слично

Поврзани вести