ЕК: Расте довербата кај деловните лица и потрошувачите во еврозоната
Од Европската комисија соопштија дека во јули пораснала довербата кај деловните лица и потрошувачите во еврозоната.
Индексот на економската доверба, која ја пресметува ЕК, пораснала во еврозоната за 1,2 поени и достигнала 92,5м а во целата Европска унија за 2,4 поени односно на 95 поени.
Со ова се продолжува трендот на раст на довербата започнат во мај, што претставуваат најдобар резултат во последната година.
Довербата пораснала благодарение на изјавите на работодавачите во индустријата, услужниот сектор и малопродажбата.
Слично
