ЕК: Построги мерки за употребата на тенките кеси!
Државите на ЕУ да го намалат користењето на тенки најлонски ќеси за пазарење на својата територија, побара Европската комисија, а објави БТА.
Државите на ЕУ можат да донесат мерки како воведување даноци за употреба на тој вид кеси, или нивна забрана поради тоа што кесите се искористуваат само еднаш, но ја загадуваат средината стотици години често во форма на неуништливи микроскопски честички кои се особено опасни за морските микроорганизми.
„Предлагаме дејствија за решавање на еден од најсериозните и очигледно еколошки проблеми. Секоја година во Европа се фрлаат над осум милијарди најлонски ќеси кои причинуваат огромна штета во животната околина. Некои држави членки веќе постигнаа одлични резултати во однос на намалувањето на употребата на најлонски кеси на своја територија. Ако и другите го следат нивниот пример, можеме да ја намалиме вообичаената сеопшта употреба во Европската Унија и до 80 проценти“,изјави Европскиот комесар за животна средина, Јанез Поточник.
Со предлогот се менува и Директивата за пакувања и отпадоци од пакувања, на која и се додаваат два нови елементи. Прво, од државите членки се бара да воведат мерки за намалување на употребата на најлонски ќеси за пазарење со дебелина под 50 микрони, затоа што тие поретко повторно се користат во споредба со ќесите со поголема дебелина, и често се фрлаат на недостапни места. Второ, овие мерки можат да вклучуваат и користење на економски инструменти, на пример воведување на даноци во националните стратегии за намалување на употребата на најлонски кеси и во други трговски ограничувања (при запазување на правилата за внатрешен пазар, истакнати во Договорот за функцонирањее на ЕУ).
Значајно намалување на користењето на овој вид на кеси во некои држави во ЕУ, кое е постигнато со воведувањето на даноци и други мерки, покажуваат дека ефектите можат да доведат до подобри резултати. Употребата на најлонските ќеси за пазарење во ЕУ во 2010 година, се проценува на 98,6 милијарди парчиња, што значи дека секој граѓанин на Унијата просечно користел 198 такви ќеси во тек на една година. Огромен дел од тие речиси 100 милијради ќеси се тенки, кои поретко се корисат по втор пат во споредба со ќесите со поголема дебелина.
Слично
