ЕК: Подготвени сме да разговараме за „Јужен Поток” во секој момент
Европската комисија објави дека е подготвена да разговара со Русија за проектот "Јужен поток" во секој момент, вклучително и на претстојниот викенд на трилатералниот состанок меѓу претставниците на Брисел, Киев и Москва.
На трилатералниот состанок во петок во Берлин ќе биде посветено главно барање за решение на спорот околу гасот меѓу Русија и Украина, прецизира портпаролката на комесарот Гинтер Јотингер - Марлен Холцнер, но додаде дека ако руската страна го постави прашањето за "Јужен поток", нема проблем тој исто така да биде разгледан.
Секогаш сме биле отворени за дискусии за "Јужен поток" и по прашањето дали иницијаторите ќе побараат за него исклучување од европското законодавство- ако тоа се случи, ние ќе го разгледаме ова барање, изјави Холцнер.
Што се однесува до информациите дека Еврокомисијата ја прекинала истрагата против "Гаспром", денес тие беа демантирани со објаснување дека се прекинати само разговорите со Русија за постигнување договор.
Овие разговори, кои се дел од постапката во слични случаи, не дале резултати, затоа биле прекинати, но самата истрага продолжува. Таа започна пред две години поради сомневањата дека рускиот гасен гигант ја отежнува конкуренцијата спречува збогатување на понудата, го сегментира пазарот и ги формира неправедно цените во Централна и Источна Европа. Вкупно 8 земји, се предмет на проверките од страна на Еврокомисијата.
К.К.
Слично
