Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК одобри 11 милијарди евра помош за Украина

ЕК одобри 11 милијарди евра помош за Украина
Европската комисија денеска соопшти дека одобрила доделувањето на најмалку 11 милијарди евра помош за Украина на краток и среден рок, пренесоа агенциите. Повеќето од мерките влијаат периодот до 2016 година, прецизира на прес-конференција претседателот на ЕК Жозе Баросо. Тој посочи дека Украинците треба сами да си ја утврдат иднината. Последните настани не убедија дека мирот не е гарантиран, додаде Баросо. Тој повика на мирно решение на оваа криза. Треба да бидат почитувани правата на сите Украинци, поддржуваме распоредување на меѓународни набљудувачи, изјави Баросо. По неговите зборови сегашната криза е предизвик за можностите на ЕУ за заштита на стабилноста во регионот. Остануваме подготвени за потпишување договор за асоцијација и трговски договор, додаде Баросо. За прв пат во години се појавува слична закана за мирот и стабилноста на континентот, коментира тој. Баросо изрази очекување на вонредниот Европски совет утре да биде даден јасен заеднички одговор на кризата, бидејќи тоа е важно за единството на ЕУ и нејзините институции, како и за меѓународните партнери. Баросо најави дека се предвидува закажувањето на донаторската конференција за Украина во Брисел. Прифатените денес мерки се насочени кон стабилизирање на украинската економија, како и кон промовирање на политичките реформи, се наведува во соопштението на комисијата. Меѓу утврдените мерки е исто либерализација на визниот режим со Украина, воспоставување на слободна трговска зона, модернизација на украинскиот гасоводен систем и изградба на двонасочна врска со Словачка. 3 милијарди евра од буџетот на ЕУ ќе бидат доделени на Украина за заеми во сферата на економијата, 8 милијарди евра ќе бидат доделени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој. Се предвидува можност преку инструментите за соседство да бидат пуштени 3,5 милијарди евра.   K.K.
Слично

Поврзани вести