ЕК одобри 1,7 милијарди евра за помош на бегалците
Европската комисија соопшти дека денеска го одобрила обезбедувањето на 1.7 милијарди евра за помош на бегалците. Дел од средствата ќе бидат насочени кон земјите во ЕУ, а останатите ќе послужат на земјите надвор од Заедницата.
За да стапи во сила, денешната одлука подлежи на одобрување од Европскиот парламент и од Советот на ЕУ.
Заменик-претседателот на ЕК, Кристалина Георгиева коментира по овој повод, дека Европа се соочува со последиците од една од најголемите кризи во поновата историја. Во нејзините зборови комисијата го користи буџетот флексибилно, и брзо ќе ги префрла средствата таму каде што се најпотребни.
До крајот на годината буџетот на ЕУ ќе обезбеди 801 милиони евра и се очекува земјите од Заедницата да учествуваат со дополнителни 330 милиони евра. За следната година се предвидени 900 милиони евра, прецизира комисијата.
