Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК нема податоци за држави од ЕУ кои купуваат нафта од „Исламска држава“

ЕК нема податоци за држави од ЕУ кои купуваат нафта од  „Исламска држава“

Европската комисија изјавила дека нема земја од ЕУ која пријавила дека фирми под нејзина контрола купуваат нафта од „Исламска држава“ (ИД). Така портпаролот на комисијата одговорил на прашањето дали институцијата врши проверка во оваа насока на барање на Европскиот парламент.

Проверката беше доделена по доставените податоци од претставник на ЕУ во Ирак.

Досега „ЕК“ не добила докази дека економски оператори го нарушуваат режимот на санкции против „Ал Каеда“, изјавил портпаролот на комисијата. Портпаролот прецизира дека режимот на санкции против „Ал Каеда“ ја опфаќа и „Исламска држава“.

Комисијата потврди дека добила писмо со приговори против продолжувањето на гасоводот „Северен поток“. Портпаролот на институцијата одби да посочи кои се земјите потписнички на писмото, како и нивниот број.

„Ќе одговориме, на секое друго добиено писмо. Позицијата за „Северен поток“ не е променета“, додал портпаролот. „ЕК“ веќе изјави дека сите енергетски проекти во ЕУ треба да одговорат на законодавството на Заедницата.

Слично

Поврзани вести