Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК: Нема да бараме од Шпанија нови прилагодувања

ЕК: Нема да бараме од Шпанија нови прилагодувања

Европската комисија потврди денеска дека од Шпанија нема да бара нови прилагодувања за да се исполни договорената цел за дефицитот за 2013 година и покрај ризикот од неисполнување на целта, за што вчера предупреди шпанското Министерство за финансии.

- Нема да бараме од Шпанија да воведе дополнителни мерки за да го доведе во ред својот дефицит за 2012 и 2013 бидејќи веќе заклучивме дека презеле ефикасни акции во поглед на фискалните прилагодувања, изјави Сајмон О'Конор портпарол на европскиот комесар за економски и монетарни прашња Оли Рен.

Шпанското Министерство за финансии предупреди за ризик од неиполнување на целта дефицит од 1,5 отсто БДП во седум автономни региони во државата.

Слично

Поврзани вести