ЕК ќе поднесе официјален приговор до Газпром за злоупотреба на доминантната пазарна позиција
Европската комисија е подготвена да го обвини рускиот нафтен гигант Газпром за нарушување на рамноправниот пазарен натпревар, изјави денеска еврокомесарот за пазарен натпревар, Хоакин Алмуња.
Пред повеќе од една година, ЕК покрена истрага по неочекуваните инспекции во канцелариите на неколку подружници на Газпром во централна и источна Европа, врз основа на сомневањата дека компанијата ја злоупотребила доминантната пазарна позиција.
Европскиот регулатор истакнува дека Газпром можеби нарушувал слободен проток на гас низ 27 држави членки на Европската унија и наметнувал нечесни цени на клиентите поврзувајќи ја цената на гасот со цената на нафтата.
Обраќајќи се на една конференција во Вилнус, Алмуња истакна дека Европската комисија подготвува официјален приговор до Газпром.
Слично
