Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК ќе ги казни со 1,7 милијарди долари банките кои манипулирале со каматните стапки

ЕК ќе ги казни со 1,7 милијарди долари банките кои манипулирале со каматните стапки
Европската комисија ќе ги казни со рекордна сума од 1,7 милијарди евра групата на водечки европски и американски банки за манипулирање со каматните стапки, тврдат за Ројтерс добро упатени извори. Досега тоа е најголемата наложена казна од страна на ЕК за банките, кои ги искривувале состојбите на каматите на меѓубанкарскиот пазар, врзано за едно од тешките нагли нарушувања за време на финансиската криза. Станува збор за каматниот процентн на лондонскиот меѓубанкарски пазричен пазар (Libor), за меѓубанкарскиот каматен процент во Токио (Tibor) како и за сличните, искористувани во еврозоната (Euribor). Тие се искористуваат како основа за определување на каматите на редица активи, од хитпотеки до деривати. Според изворите казни ќе заработат, Citigroup, Deutsche Bank, Royal Bank of Scotland, JPMorgan, Barclays и Societe Generale. Портпаролот на ЕК Антоан Коломбани одби да ги коментира ваквите информации. За разлика од шесте банки, кои ја понесоа одговорноста во замена на отстапката од 10% од размерот на казната Credit Agricole одби да признае и најверојатно во идната година ќе заработи санкции. Познавачите велат дека HSBC ќе ја обжали предложената казна од ЕК. До сека властите низ целиот свет утврдиле казни со општ размер од 3,7 милијарди долари за UBS, RBS, Barclays, Rabobank и брокерот ICAP за манипулирањето на каматните проценти, откако беа подигнати обвиненија за седум лица. Минатата година UBS ги платри рекордните 1,5 милијарди долари на министерството за правосудство на САД и Регулаторот за финансиски услуги на Обединетото кралство, кои беа најголемите казни изречени за банка. UBS ги пријави случаите со злоупотреби со Libor и Tibor и поради таа причина нема да заработи санкции. Barclays пак ќе се оттргне од случајот со Euribor, затоа што ја алармираше ЕК за направените злоупотреби.
Слично

Поврзани вести