Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК ќе додели 144 милиони евра за проекти со кои се испитуваат ретките болести

ЕК ќе додели 144 милиони евра за проекти со кои се испитуваат ретките болести

На Денот на борба против ретките болести,Европската комисија денеска соопшти дека ќе додели 144 милиони евра за финансирање на нови 26 истражувачки проекти за испитување на ретките болести.

Проектите ќе помогнат за подобрување на животот на дел од 30 милиони Европејци кои страдаат од ретки болести.

Повеќе од 300 од 29 држави од светот се учесници во проектите, меѓу кои има водечки академски институции, мали и средни претпријатија и групи на пациенти. Целта е да се обединат ресурсите и да се постигне подобро разбирање за ретките болести, како и да се најдат лекови.

- Се надеваме дека новите научни проекти ќе ги доближат пациентите, нивните семејства и лекарите еден чекор поблиску до успешно лекување, истакна Гејган-Квин.

Многу од новите проекти ќе придонесат за работата на Меѓународниот конзорциум за истражување на ретките болести, најголема заедничка научна платформа. ИРДИРЦ е формирана на иницијатива на ЕК, а предвидено е до 2020 година да бидат откриени 200 нови терапии за ретки болести.

Слично

Поврзани вести