ЕК ја намали прогнозата на економскиот раст
Намалена е прогнозата на Европската комисија за економскиот раст во 17-замји членки на еврозоната за следната година на само 0,1 отсто, додека пред шест месеци предвиде многу повисока стапка од 1 %.Во извештајот на ЕК е наведено очекување на БДП-то на 17 во земји што го користат еврото како своја валута, годинава ќе падне за 0,4 проценти се до 2014 година кога се очекува опоравување на економијата и зголемување на 1,4 %
Европа минува низ тежок процес на макроекономската состојба кој ќе трае долго време”, се вели во соопштението на Европскиот комесар за економски и монетарни прашања на ЕУ, Оли Рен, велејќи дека во почетокот на следната година ќе започне постепено закрепнување. ЕК очекува американскиот економски раст од далеку да ја надмине состојбата во Европа, со стапка на раст што ќе надмине 2% и ќе продолжи да зајакнува. Според Рен високата стапка на невработеност продолжува да расте и се предвидува дека следната година ќе изнесува речиси 12 %
Слично
