Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК им нуди работа на 6.000 млади лица

ЕК им нуди работа на 6.000 млади лица

Шест месеци по лансирањето на Европскиот корпус за солидарност, Европската комисија нуди работа и практиканти на барем 6.000 младинци по два проекти во Франција и Италија.

ЕК поддржува два проекти кои ќе понудат поврзани со солидарноста работа или стажирање во друга земја од ЕУ, објавија од Комисијата.

Двата проекта се предводени од француската јавна служба за вработување ( "Pole Emploi") и италијанската Национална агенција за активни политики за вработување (ANPAL). Тие здружуваат служби за вработување и организации од различни држави членки на ЕУ, на пример организации на работодавачите и институти за обука, за да обезбедат можности за работа или стажирање во области поврзани со солидарноста, на младите на возраст меѓу 18 и 30 години.

Проектите се финансираат со над 14 милиони евра од програмата за вработување и социјални иновации на ЕУ.

Двата проекта во Италија и Франција ќе продолжат до 2019 година.

Широк спектар на организации можат да се вклучат во иницијативите на Корпусот за европска солидарност: невладини организации, граѓански организации, национални, регионални и локални власти или социјални претпријатија, на пример. Тие можат да аплицираат со проекти, а во моментов 8 програми на ЕУ финансираат вакви проекти.

Онлајн системот на Европскиот корпус за солидарност овозможува организациите и младите луѓе заинтересирани за стаж за солидарност, да се поврзат директно.

Кога се регистрираат, освен личните податоци, младите можат да ги наведат своите вештини, искуство, преференции и мотивација, како и да испратат свои биографии.

Европскиот корпус за солидарност беше формиран на 7 декември 2016 година. Институцијата им нуди на младите луѓе на возраст меѓу 18 и 30 години можности да учествуваат во бројни активности на солидарност, насочени кон предизвиците во цела Европа. Ова не само што ќе им овозможи да добијат неоценето искуство и да се здобијат со важни вештини во почетокот на кариерата, но исто така е важна алатка за промовирање и зајакнување на солидарноста - една од најосновните вредности на Европската унија, посочуваат од Комисијата.

Од почетокот речиси 24 000 млади Европејци се регистрирани во Европскиот корпус на солидарноста - целта е да се вклучат 100 000 млади луѓе до крајот на 2020 година.

Слично

Поврзани вести