Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК и предложи на Украина безвизен режим

ЕК и предложи на Украина безвизен режим

Европската комисија (ЕК) официјално и предложи на Украина укинување на визниот режим за нејзините граѓани, соопштија ТАСС и Франс прес.

„Денес нудиме безвизен режим при патувања со краток престој во ЕУ на украински граѓани со биометриски пасоши, на што бевме посветени“, изјави комесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулус за време на прес-конференција во Брисел.

Воведувањето на новиот режим е дел од договорот за асоцијација на Украина во ЕУ, што е една од причините за промената на политичката власт и тековната криза во земјата.

Истовремено во почетокот на овој месец во Холандија се одржа референдум во кој мнозинството од гласачите граѓани изразија неодобрување за европскиот договор со Киев. Така холандскиот парламент и влада се обврзани да разговараат повторно за одлуката на земјата за да ја ратификуваат асоцијацијата на Украина, а евентуално и да ја блокираат во Брисел.

Слично

Поврзани вести