Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК и Париз сакаат Велика Британија да остане во ЕУ

ЕК и Париз сакаат Велика Британија да остане во ЕУ

ЕК ја поздрави желбата на британскиот премиер Дејвид Камерон, Велика Британија да остане во Европската унија.

- Комисијата го поздравува фактот дека Камерон сака државата да остане во ЕУ, изјави Пиа Аренкилде-Хансен, портпарол на ЕК.

Таа додаде дека е во интерес на ЕУ и на Обедиентото кралство, Лондон да биде активен член на Унијата.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изрази желба Велика Британија да остане во ЕУ.

- Претседателот на републиката сака Велика Британија да остане во Европската унија, изјави Нажат Вало-Белкасем, портпаролка на Оланд. Изјавите беа дадени по говорот на Камерон кој вети до 2017 година да биде организиран референдум за прашањето за британското членство во Унијата.

Слично

Поврзани вести