Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК го одобри формирањето на најголемата компанија за банани во светот

ЕК го одобри формирањето на најголемата компанија за банани во светот
Европската комисија го одобри формирањето на најголемата компанија зa банани во светот. Американската Chiquita Brands и ирската Fyffes добија зелено светло од регулаторните тела на Европската унија за спојување во износ од 526 милиони долари. Новиот производител и трговец на банани ќе држи 14% од пазарот на плодовите, проценет на 7 милијарди долари, и ќе има повеќе влијание меѓу трговците. Според ЕК зделката нема да влијае негативно на корисниците или на супермаркетите кои нудат банани со сопствени брендови, но постои ризик конкурентските компании да настрадаат поради тоа. За да ги отфрли ова сомневање, ЕК објаснува дека Chiquita Brands и Fyffes треба да се воздржат од склучување на ексклузивни договори со добавувачите и да не им се обезбедува стимулации за да престанат да работат со конкурентските компании. Од двете компании појаснуваат дека влогот за снабдување кој е со важност 10 години, нема да влијае на економската вредност на договорот или на синергија помеѓу нив. Минатата недела Fyffes се согласи да го зголеми уделот на Chiquita од новата компанија, за да парира заедничката конкурентна понуда на бразилскиот производител на сокови Grupo Cutrale и на банкарската и инвестициона група Safra Group во вредност од 611 млн долари. Chiquita го одложи гласањето на промената на акционерско учество од 17-ти септември за 3 октомври, поради преговорите со конкурентите. Chiquita и Fyffes се меѓу најголемите трговци со банани во светот, заедно со Fresh Del Monte и Dole Foods ја формираат првита четворка. Со спојувањето ќе биде изграден не само џин во трговијата со банани, но и голем концерн во областа на пакувани салати, дињи и ананас. На пример ChiquitaFyffes би станал најголемиот увозник на американски дињи и третиот во светот по големина трговец на ананасот. Голем број аналитичари се сомневаат дека токму затоа договорот доби зелено светло од властите. К.К.
Слично

Поврзани вести