ЕК го казни Мајкрософт
Со 561 милион евра, Европската комисија го казни Мајкрософт, поради нарушување на условите од антимонополскиот договор.
Меѓу мај 2011 година и јули 2012 Мајкрософт ги прекршил условите и на интернет корисниците не им понудил избор на пребарувачи. Како резултат на тоа околу 15 милиони корисници на Виндоус во ЕУ можеле да го користат само Интернет Експлорерот.
Американскиот гигант, тврди дека причината за неисполнување на договорот била техничка грешка.
Слично
