Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК ги повика земјите од Унијата да прифатат 40 000 азиланти

ЕК ги повика земјите од Унијата да прифатат 40 000 азиланти

Европската комисија (ЕК) ги повика земјите членки во следните две години да усвојат 40 илјади азиланти од Сирија и Еритреја, кои пристигнуваат во Италија и Грција, пишува „ВВС“.

Според планот Германија, Франција и Шпанија ќе мора да го прифати поголемиот дел од имигрантите, а за Бугарија бројката е 788 лица. За секој донесен на тој начин имигрант ЕУ обезбедува 6.000 евра на земјата домаќин.

Планот на ЕК за справување со имигрантската криза во Европа, основан на квоти за раселување, предизвика контроверзии во некои земји членки. Британската влада соопшти дека нема да учествува во слична шема. Франција, Шпанија, Унгарија, Словачка и Естонија исто така, изразија загриженост. Конечната одлука ќе биде донесена од страна на владите во ЕУ по гласањето на европратениците. Данска има право да одлучи дали ќе се откаже од учество во планот, додека Велика Британија и Ирска можат да одлучат дали да се вклучат.

„Фер“ дистрибуција

Планот се однесува за државјани на Сирија и Еритреја, кои пристигнуваат во Италија и Грција по 15 април 2015 година. ЕК посочи дека шемата може да се однесува и до Малта во случај на ненадеен наплив на имигранти. Ова е во прилог на најавените од Брисел намери за доброволна шема за прием на 20 илјади бегалци кои бегаат од конфликти, а во моментов живеат надвор од ЕУ.

Од вкупно 40 илјади имигранти кои „очигледно имаат потреба од меѓународна заштита“, Германија треба да прими 8763 (21.91%), Франција - 6752 (16.88%), а Шпанија - 4288 (10.72%). Според зборовите на комесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос „се ќе зависи од секоја земја да одлучи на колку луѓе да им даде бегалски статус“.

„Ние само нудиме и инсистираме за правична распределба на одреден број имигранти кои имаат очигледна потреба од меѓународна заштита во ЕУ“, изјавил Аврамопулос.

Над 1800 имигранти загинаа, додека другите се обидуваа да го преминат Средоземното Море во 2015 година. Тоа е дваесет пати повеќе во споредба со истиот период во 2014 година само за оваа година 60 илјади луѓе искусиле да поминат низ овој пат. Многумина бегаат од конфликти или сиромаштија во земји како Сирија, Еритреја, Нигерија и Сомалија.

Според ЕК Италија и Грција се соочуваат со исклучителни нивоа на имиграција. Во Италија зголемувањето на нелегалните премини на границата од 2013 до 2014 година е зголемен за 277%, а во Грција - со 153%.

Корените на проблемот

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ја повика Европа да направи повеќе за да им помогне на имигрантите, барајќи дополнително засилување на потрагата и спасувачките операции во Средоземното Море.

„Ги повикувам европските лидери да се ангажираат со овој проблем во повеќе сеопфатен и колективен начин“, изјвил тој.

И додал дека треба да се обрне внимание и на коренот на проблемот во земјите од кои доаѓаат имигрантите. Но британската влада го отфрли планот на ЕК за задолжителни квоти, бидејќи според него тој ќе биде како „магнет за уште имигранти“.

Претходно овој месец ЕУ го поддржа планот за поморските сили кои се борат против трафикантските мрежи и да користат воена сила, доколку е потребно, во либиски територијални води.

Слично

Поврзани вести