ЕК ги крати парите за Унгарија поради однесувањето на Орбан
Европа ги крати парите за Унгарија. Европскиот комесар за финансии Јоханес Хан објави дека и покрај мерките предложени од Унгарија за отстранување на овие недостатоци, Европската комисија препорачува суспензија на средствата „проценети на 7,5 милијарди евра“, пренесува АП. Унгарија има рок до утре (19 ноември) да ги реши горенаведените неправилности, а секое суспендирање на средствата мора да биде одобрено од земјите-членки на ЕУ со квалификувано мнозинство, што подразбира согласност од 55 проценти од земјите, односно 15 од 27-те членки на ЕУ, со услов тоа да претставува 65 проценти од населението на Унијата.
Eвропската Комисија (ЕК) препорача замрзнување на 7,5 милијарди евра за Унгарија. Вакви мерки преземаат поради загриженоста за назадување на демократијата и можна корупција во управувањето со парите на ЕУ.
ЕК го обвинува унгарскиот премиер Виктор Орбан за колапс на демократските институции, преземање контрола врз медиумите и кршење на правата на малцинствата. Но, тој ги негира обвинувањата на Брисел.
Унгарската влада вели дека брзо ќе ги усвои новите закони за борба против корупција и поголема транспарентност во владините набавки. Со планот, Будимпешта сака да стави крај на спорот со Брисел кој блокираше милијарди евра помош од ЕУ за Унгарија.
