Економија, финансии, бизнис

Контакт

EK „ги чешла“ Samsung i Filips

EK „ги чешла“ Samsung i Filips
Јужнокорејскиот Samsung и холандскиот Filips се најдоа на мета на истрага на Европската комисија поради сомневање дека склопуваат картелски договор, соопштија двете фирми. Комисијата во четвртокот наведе дека нејзините истражни органи направиле рација во електронските фирми во неколку земји членки на ЕУ, но не го соопштила името на компаниите. ЕК се сомнева дека фирмите спречувале интернет продажба на електронски производи, што можело да влијае на зголемувањето на цените за потрошувачите. Samsung i Filips денеска наведоа дека целосно соработуваат со инспекторите на ЕК. Доколку Комисијата дојде до заклучок дека фирмите ги прекршиле правилата на конкуренција на пазарот, може д аим одреди казна во висина до 10 отсто од нивниот годишен промет.
Слично

Поврзани вести