ЕК: Гасоводот „Јужен поток“ го нарушува европското законодавство
Директорот на енергетските пазари во Европската комисија, Клаус Дитер Борхад, изјави во пленарната сала на Европскиот парламент дека сите билатерални договори за изградба на гасоводот "Јужен поток " , склучени меѓу Русија и Бугарија , Србија , Унгарија , Словенија , Хрватска и Австрија го нарушуваат европското законодавство и треба да бидат предоговорени.
Зборовите му се цитирани од сајтот EuroAktiv, пренесуваат бугарските медиуми. Борхард рекол уште дека Еврокомисијата ги разгледала меѓувладините договори и стигнала до заклучок дека ниту еден од нив не е во согласност со европските закони.
EuroAktiv коментира дека изјавата на Борхард доаѓа во чувствителен момент за односите меѓу Европската комисија и Русија, поради одбивањето на Украина да потпише договор за асоцијација со ЕУ . По тој повод, европратеникот Илија Јотов изјави дека тоа е сосема свежа вест и треба да се прегледаат внимателно основите на Европската комисија.
" Ако станува збор за Третиот енергетски пакет за либерализација на пазарот , треба да се види каде точно е повредата " , истакна Јотов .
Според Борхард, сепак, преговорите за изградба на гасоводот треба да започнат буквално од нула . Руското Министерство за енергија веќе е упатено за случајот. Еврокомесарот за енергија Гинтер Јотингер испратил специјално писмо во Москва .
Слично
