Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК е подготвена да и помогне на Украина со уште 1,8 милијарди евра

ЕК е подготвена да и помогне на Украина со уште 1,8 милијарди евра
Европската комисја е подготвена да и даде на Украина додатни 1,8 милијарди евра макрофинансиска помош, е наведено во соопштението на Комисијата објавено во белгиската престолнина.
„Европската комисја прдложила нова макрофинансиска помош на Украина од  1,8 милијарди евра во вид на среднорочен кредит“.
Новиот програм кој требало да го утврдат Европскиот парламент и Совет на ЕУ наменет е за поддршка на Украина и во надминување на економските и финансиски проблеми, се објаснува во документот, пренесува Тасс.
Мисијата на ММФ стигнала во Украина и почнала со работа. Претходно ММФ и одобри на Украина 17 милијарди долари за стабилизација на буџетот во услови на политичка и економска криза.
Првата транша од 3,2 милијарди долари Киев ги доби во мај 2014 година, а другата од 1,4 милијарди долари во почетокот на септември минатата година. Доделувањето на наредната транша зависи од тоа колку властите ќе ги исполнат условите за стабилизација на програмот што треба да процени ММФ.
Слично

Поврзани вести