Економија, финансии, бизнис

Контакт

Андор: Bританската Влада ризикува Велика Британија да биде „означена како одвратна“

Андор: Bританската Влада ризикува Велика Британија да биде „означена како одвратна“
Европската комисија денеска упати предупредување до Велика Британија по повод најавените мерки на британските власти со кои ќе се ограничи пристапот на имигрантите од Бугарија и Романија до британските социјални фондови. Еврокомесарот за вработување, Ласло Андор, изјави дека британската Влада ризикува Велика Британија да биде „означена како одвратна“, а на премиерот Дејвид Камерон му порача дека треба да се запре со „хистеријата“, објаснувајќи дека мерките што се најавуваат во Лондон ќе значат ограничување за вработување на граѓани на Европската Унија. Премиерот Камерон од почетокот на оваа година најавува воведување на разни мерки против „напливот на имигранти“ од Бугарија и Романија, откако на почетокот од 2014 година ќе престанат да важат седумгодишните ограничувања за вработување во земјите на Унијата, на државјани од овие две балкански земји. Со најавените мерки се предвидува можноста за депортирање на имигрантите кои немаат работа, како и укинување на правата за социјална помош за невработеност и за домување. Ваквите права се предвидени за Британците, како и за жителите на ЕУ, но Владата на премиерот Камерон тврди дека тие биле злоупотребувани од страниците од европските земји за т.н. „социјален туризам“ во Велика Британија. Комесарот на вработување на ЕУ Андор, меѓутоа, побара од британската Влада да им ја објасни „целата вистина“ на Британците за социјалната помош што им се дава на имигрантите.  
Слично

Поврзани вести