Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕК: Бегалците треба да бидат „обесхрабрени“

ЕК: Бегалците треба да бидат „обесхрабрени“

По неколку неделни меѓусебни обвинувања балканските држави ќе почнат да соработуваат подобро во контекст на бегалската криза. Во рок од 24 часа треба да се создаде мрежа на контакти на највисоко ниво. Целта е „постепено, контролирано и методично движење“ на луѓето преку Балканскиот пат.

Тоа гласи во конечната декларација по кризната средба на десетте погодените земји од ЕУ и три земји надвор од ЕУ - Македонија, Србија и Албанија, која беше договорена доцна во неделата во Брисел.

Земјите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан имаат намера да го забават протокот на бегалци преку Балканскиот пат. „Ние ќе ги охрабруваме бегалците или имигрантите да се придвижуваат кон границите на другите земји од регионот“, се вели во соопштението. „Една политика за пропуштање на бегалците, без да се информираат соседните земји, е неприфатлива“.

dogovor

За време на вонредната средба на државните и владините лидери се договорија по седемчасовна дискусија за донесување на план од 17 точки, но расположението како целина било тензично. Со месеци земјите од регионот си ја префрлаат меѓусебно вината - како што се случи во почетокот на средбата и во Брисел. „Секој се обидува да докаже дека вината е на некој друг“, појаснува дипломат во почетокот на разговорите. „На ова треба да се стави крај“.

Планот предвидува во рок од една недела останатите членки на ЕУ да испратат над 400 дополнителни граничари да се соочуваат со тешкотиите од приливот во Словенија. Освен тоа Агенцијата за заштита на границите „Фронтекс“ треба да ги брани подобро границите, особено помеѓу Грција, Македонија и Албанија, како и хрватско-српската граница.

Грција, со помош на Високиот комесаријат на Обединетите нации (ОН) за бегалци (United Nations High Commissioner for Refugees - UNHCR), мора да создаде места за нови 50 000 бегалци, од кои 30 000 треба да се обезбедени до крајот на годината . По целиот пат треба да бидат создадени вкупно околу 100 000 места.

Секојдневно илјадници бегалци преминуваат во Западен пат кон Австрија и Германија. Повеќето од нив доаѓаат од Сирија и преминуваат во ЕУ од Турција.

Германската канцеларка Ангела Меркел пак ја нарече кризата како „еден од најголемите лакмусов тест со кои Европа ќе се зацрвсти“, а словенечкиот премиер Миро Церар, предупреди дека ако не се најде решение, ЕУ ќе започне да се распаѓа.

Слично

Поврзани вести