ЕГОЗДУС ОД ВЕНЕЦУЕЛА: И нивните соседи имаат сериозни проблеми
Венецуела се соочува со мигрантска криза во размери на медитеранската од 2015-та година.
Предупредувањето од светската организација ОНН доаѓа по обидите на соседните држави на Венецуела да го запрат неконтролираниот прилив на мигранти поради економската криза во државата. Перу веќе воведе построг систем на гранична контрола додека уставниот суд на Еквадор го запре обидот на владата за зајакнување на граничните онтроли.
Од почетокот на економската криза во 2014, Венецуела ја напуштиле повеќе од 2 милиони граѓани. Бегајќи од бескрајните недостатоци на храна, лекови и основни продукти, Венецуелците подобар живот бараат во соседните земји.
„Дојдовме да потврдиме и да видиме како се регистрираат странците во земјава, особено Венецуелците и исто така да ги активираме системите за отисоци и фото регистрација во одделот во Тумбес“- изјави перуанскиот министер за внатрешни работи, Мауро Медина.
Локалните невладини организации предупредуваат дека ситуацијата со мигрантите од Венецуела е пред ескалирање.
