Египќани нема да имаат пристап до Јутјуб
Еден месец да се блокира пристапот кон Јутјуб побара Управниот суд во Каиро од владата, откако еден корисник ја обвини интернет-платформата Јутјуб за закана за социјалниот мир. Судот, меѓу другото, се повика на спорниот филм „Невиноста на муслиманите“, во кој пророкот Мохамед е претставен како љубител на жени и хомосексуалец. Сегашната забрана за Јутјуб ќе важи и за други веб-страници што го објавија филмот. Против пресудата постои право на жалба, пренесе „Дојче веле“.
- Филмот претставува безбедносна закана за Египет - изјави адвокатот Мохамед Хамид Салим, кој поднесе тужба во 2012 година. Неговата аргументација е дека целта на филмот е искривување на сликата на пророкот Мохамед и провокација на војна против исламот. Претходно, суд во Египет осуди во отсуство седуммина обвинети на смрт поради видеото. Објавените инсерти од филмот на интернет во минатата година предизвикаа масивни протести со повеќе загинати во исламскиот свет. Јутјуб во Пакистан е блокиран поради објавувањето на филмот уште од септември
Слично
