Египетскиот суд го забрани емитувањето на Ал Џезира
Cудот во Египет денеска донесе одлука, четири телевизиски станици, меѓу кои и Ал Џезира, да престанат со емитување на програма во Египет. Овие телевизии објавуваа извештаи за протестите на Муслиманското братсво.
Како причина за судската одлука е наведено дека тие медиуми немаат дозвала за работа во Египет.
Според западните медиуми, одлуката е очекувана, бидејќи владини официјални претставици наведоа дека Ал Џезира претставува национална закана, бидејќи работи без дозвола, и го обвинија медиумот за ширење гласини.
Слично
