Економија, финансии, бизнис

Контакт

Египет, трговија и нафта: Преместен џиновскиот брод што со денови го блокираше Суецкиот канал (ВИДЕО)

Египет, трговија и нафта: Преместен џиновскиот брод што со денови го блокираше Суецкиот канал (ВИДЕО)

Седум дена подоцна, огромениот товарен брод што го блокираше Суецкиот канал е пренасочен, предизвикувајќи огромни загуби на една од најпрометните морски ленти во светот.

Видеото објавено на социјалните мрежи во понеделникот, покажува дека стрмнината на бродот Евер Гивен се свртува кон брегот, отворајќи простор за премин во каналот.

Шпедитерската компанија Инчакејп објави дека бродот е преместен и дека Суецкиот канал е деблокиран.

„Евер Гивен е успешно вратен на својата соодветна позиција утрово во 4.30 часот и во моментов е безбеден“, соопшти компанијата на својот профил на Твитер.



Бродот долг 400 метри, тежок 200.000 тони, се насука во вторникот наутро, поради силниот ветер и песочната бура што влијаеше на видливоста.

По неколку неуспешни денови во движењето на бродот, отстранувањето на околу 20 000 контејнери од товарот започна во неделата.

Десетици други пловни објекти беа блокирани поради овој инцидент, па некои беа пренасочени на маршрутата околу Африка.

Погледнете го моментот кога бродот Евер Гивен  е конечно ослободен и радоста на екипажот:

Каналот што минува низ Египет е еден од најфреквентните трговски патишта, а блокадата предизвика огромни загуби во десетици милијарди долари.

Евер Гивен, управуван од компанијата Evergreen Marine, е долг четири фудбалски игралишта и едно од најголемите од ваков вид во светот.

Бродот, сопственост на тајванската компанија „Евергрин“, од Кина патувал кон Ротердам.

Спаѓа во категоријата „ултра големи бродови со контејнери“ и кога е целосно натоварен има маса од 220.000 тони.

Поради блокадата на Суецкиот канал, во Црвеното Море се формираше колона бродови кои чекаа да го исчистат преминот.

Околу 12 проценти од глобалната трговија минува низ каналот Суец, долг 193 километри.

Каналот го поврзува Средоземното море со Црвеното Море и е најкратката морска врска помеѓу Азија и Европа.

Алтернативната патека околу ртот на добрата надеж на јужниот врв на Африка трае две недели подолго отколку кога поминувате низ Суецкиот канал.

Колкава е штетата?

Во просек, околу 50 бродови поминуваат низ Суецкиот канал дневно, иако понекогаш тој број е многу поголем.

Каналот е особено важен за трговија со нафта и природен гас.

Еден од најголемите стравови на светските економски експерти е блокадата на овој канал - и токму тоа се случи.

Според податоците за трговијата, бродоломот блокирал околу осум милијарди евра (9,6 милијарди долари) на ден стока.

Блокадата чини 400 милиони долари на час во трговијата долж водниот пат, што е витален премин помеѓу Исток и Запад.

Според Лојдс Лист, околу 5,1 милијарди долари стока се транспортира дневно преку каналот на запад, а околу 4,5 милијарди долари на исток.


Извор: БиБиСи

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести