Египет прогласи вонредна состојба кај Суецкиот канал, рипна цената на нафтата
Цените на нафтата се зголемија драстично по информациите дека египетската војска прогласи вонредна состојба во провинциите Суец и Јужен Синај, по што се затвораат границите со Појасот Газа.
Токму таму се наоѓаат и најголемите нафтени египетски пристаништа и Суецкиот канал, кој е важен пат за нафтените танкери, јавија светските медиуми.
Поради ваквите информациите дојде до нагло зголемување на идната цена на нафтата тип „Brent“- 1,1% до 106.70 долари за барел, како и на суровата нафта за околу 1% до 102.16 долари за барел.
Ројтерс сепак се осврнува на уверувањата на властите одговорни за Суецкиот канал, дека во се прават напори за одржување на нормалната работа за сервисирање на нафтените танкери, што сепак нема да спречи ново нагло поскапување на нафтата.
Слично
