Економија, финансии, бизнис

Контакт

Египет пред граѓанска војна?! – Бројот на жртви расте, досега загинале 464 луѓе

Египет пред граѓанска војна?! – Бројот на жртви расте, досега загинале 464 луѓе

Во вчерашните насилства во Египет загинале 464 луѓе, од кои 421 цивили, соопштија денеска египетските власти.

Според, Портпаролот на египетското Министерство за здрваство Мохамед Фаталах 137 лица загинале во главниот камп Раба ал-Адвавија каде речиси шест недели живееле поддржувачите на Морси. Во помалиот камп на плоштадот Надеж загинале 57 лица.

АФП пренесе дека 227 лица загинале во нередите во другите делови од земјта.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека загинале и 43 полицајци.

Се стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми.

На цела територија на Египет регистрирани се 3.572 повредени лица. Приближно 200 луѓе загинаа на плоштадите во Каиро „Ан Нахда“ и „Рабија ел Адавија“, каде протестираа привразниците на соборениот претседател Мохамед Морси, кој беше уапсен на 3 јули од страна на армијата.

Египетската Влада соопшти и дека на неопределено време го затворила контролниот пункт на границата со Појасот Газа поради насилството.

Стотици палестински работници секојдневно поминуваат низ контролниот пункт Рафах на Синајскиот Полуотров.

Од вчера во сила е вонредна состојба, откако двата протестни кампови во Каиро беа целосно уништени, додека полицискиот час е во сила од 19 до 6 часот наутро по локално време.

Бројот на жртвите во вчерашните судири се разликува во зависност од изворот, па така „Муслиманско братство“ тврди дека погинале 2.200 лица, а повеќе од 10.000 се ранети.

Двата протестни кампови во Каиро сега се под контрола на полицијата, од кои еден беше расчистен за еден час по стапувањето во сила на полицискиот час, што е воведен во поголемите градови, меѓу кои се Каиро, Александрија и Суец.

Слично

Поврзани вести