Економија, финансии, бизнис

Контакт

Египет на подарок ќе добие нафта од Кувајт

Египет на подарок ќе добие нафта од Кувајт

Кувајт почна да ја исполнува програмата за помош на Египет во вредност од четири милијарди долари, соопшти бизнис заедницата од Лондонската нафтена берза, цитирана од ИТАР-ТАСС.

-Кувајтската нафтена компанија до крајот на септември на Египет ќе му испорача 4,5 милиони барели сурова нафта и 2.000 тони дизел, прецизира службеник на една од компаниите оператори на берзата.

Дел од помошта на Кувајт за Египет ќе биде дадена под форма на „финансиски фондови“, а ,исто така, и како преработени нафтени производи.

Слично

Поврзани вести