Египет го затвори вториот по големина аеродром поради протести
Египет го затвори вториот по големина аеродром во земјата - во градот Александрија, откако полицајци организираа протести на пистата, со барање за повисоки плати.
Полицајците, кои одговараат за пасошка контрола и безбедноста, организираа седечки протест на пистата на аеродромот „Ел Борџ“, на средоземноморскиот брег, со барање властите да ги делат со нив средствата собрани од аеродромските такси.
Откажани се латовите на катарската и саудиската авиокомпанија, а авионите се пренасочуваат кон аеродромот во Каиро, каде аеродромската полиција организираше ваков протест во четвртокот, но не се одрази врз авиосообраќајот.
Слично
