Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ефтината нафта ја турна Канада во рецесија

Ефтината нафта ја турна Канада во рецесија

Канадскиот бруто домашен производ падна во второто тромесечие 0,5 одсто во однос на истиот период минатата година, олабавувајќи го вториот квартал по ред, па економијата се нурна во рецеија, пред се поради ниските цени на нафтата.

Ова е прва рецесија за Канада од глбоалната финансиска криза 2008-2009 година, но тогаш причина за падот беше падот на пазарот за недвижнини, Сега, пак, Канада во рецесија ја воведоа ниските цени на сировини, посебно нафтата, а најмногу се погодени регионите во кои „црното злато“ најмногу се произведува, како се Алберт и Саскатчеван.

Според податоците на канадскиот статистички завод, падот на економијата е последица на острото намалување на инвестициите и бавниот раст на залихи во второто тромесечие. Со тоа, индустриското производство паднало два одсто во однос на претходниот квартал, при што производството во рударството и нафтениот сектор потонало 4,5 посто.

„Падот во првата половина на годината најмногу е последица на слабоста на енергетскиот сектор, што негативно влијаело на инвестициите. Но, покарај техничката рецесија, очекуваме силно опоравување во третиот кварта“, вели Пол Ферли, економист во Ројал Банк оф Канада.

Својот оптимизам тој го заснова на релативно ниската стапка на невработеност, 6,8 одсто, стабилноста на пазарот на недвижнини и градежниот сектор, како и прилично силната потрошувачка на домаќинствата. Настојувајќи да поттикне раст, канадската централна банка во два наврати ги намалуваше клучните каматни стапки.

Изгледа дека тоа ги дава првите резултати, па во јуни индустриското производство пораснало за 0,5 посто, а благ пораст има и извозот, што најмногу благодари на извозот во САД, кои бележат забрзан раст на економијата.

Слично

Поврзани вести