ЕФТА: Исланд немора да плаќа за штедачите на Холандија и Британија
Исланд не мора да ја надомести штетата на холандските и на британските штедачи, чии депозити пропаднаа со банкротот на исландската онлајн „Ајсејв“ банка, соопшти денеска Судот на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА).
Банкротот на исландската групација „Лабдсбанк“ и нејзината филијала „Ајсејв“ во октомври 2008 година остави без заштеди над 400.000 граѓани на Велика Британија и на Холандија.
Владите на Велика Британија и на Холандија исплатија надомест на 350.000 граѓани за што потрошија околу 3,9 милијарди евра.
Исланд одби да ги покрие загубите од државна каса, а судот ЕФТА го поддржа неговиот став и го отфрли барањето на Лондон, Хаг и Европската комисија.
Владата на Исланд ја поздрави денешната одлука на судот, нагласувајќи дека „Ајсејв“ повеќе не претставува пречка за економско заздравување на Исланд.
Слично
