Едвард Сноуден од Хонг Конг избега во Москва
Едвард Сноуден поранешниот соработник во Агенцијата за национална безбедност НСА ја напушти територијата на Кина и заминал за Москва, потврди oфицијален Хонг Конг, a пренесува Би-Би-Си.
Кинеските весници пишуваат дека Москва нема да биде негова финална дестинација.
Владата во Хонг Конг соопшти дека 30 годишниот Сноуден денеска легално го напуштил Хонг Конг и со тоа ги потврди информациите на медиумите.
Весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ денеска на својата интернет страница информираше дека Сноуден го напуштил Хонгконг со авион на „Аерофлот“ и преку Москва треба да отпатува во трета земја.
Негова цел би можело да биде Еквадор или Исланд. Портпарол на руската влада соопшти дека тие немаат никакви информации за местото на престој на Сноуден, ниту за неговите планови за патувањето.
Се очекува авионот на „Арофлот“, со кој патува Сноуден во Москва да слета околу 15 часот и пет минути по средноевропско време.
Во петокот американските правосудни органи официјално го обвинија Сноуден, кој од 20 мај се засолни во Хонгконг, за шпионажа и побараа негова испорака.
Тој е обвинет за злоупотреба на владина сопственост, шпионажа и неавторизирано објавување на информации на американската Агенција за национална безбедност, кои според официјален Вашингтон, би можеле да и наштетат на безбедноста на САД.
Весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ претходно, повикувајќи се на информации од Сноуден, објави дека американските власти собирале информации од кинеските фирми за мобилна телефонија и веќе имале собрано милиони СМС податоци.
Американските шпиони преку тоа навлегле во системот на реномираниот универзитет Tsinghua во Пекинг, преку кој се одвива голем дел од кинеската интернет комуникација. Исто така „хакиран“ бил и азиско- пацифичкиот управител со оптичките кабли „Пакнет“.
Сноуден деолета во Хонг Конг во мај, откако на интернет обелодени доверливи детали на американската Агенција за неционална безбедност со кои се докажува дека Американската влада ги прислушува телефоните во САД.
